Финалето во Лигата на шампионите ќе доцни најмалку 15 минути од безбедносни причини, а стотици навивачи на Ливерпул не можат да влезат на стадионот во Париз.

Тоа е главната причина за пролонгиран старт на финалето меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

Во Париз е вистински хаос и доцнеше и автобусот со фудбалерите на Ливерпул, а во главниот град на Франција има над 50 илјади навивачи на гигантот од Англија.

Англиските медиуми драматично објавија дека се случува вистински хаос пред стадионот „Стад Де Франс“ и дека сигурно ќе се игра со најмалку 15 минути задоцнување.

Извор: Спортманија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.