Илјадници навивачи на Ливерпул со купени билети се уште се обидуваат да се пробијат во хаотичните сцени пред стадиотот „Сент Дени“ во Париз за да влезата на своите места и да го гледаат финалето од Лигата на шампионите.

Предмалку од УЕФА објавија дека има ново одложување на стартот, сега за 21.30 часот.

На десетина минути пред стартот предвиден во 21:00 часот, не е исполнет ниту половина од капацитетот на трибините, па поради тоа, УЕФА првично го одложи финалето за 15 минути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.