Македонија го пречекува вечерва (20.45 часот) европскиот првак Италија во евроквалификацискиот меч од петтото коло во „групата на смртта“. ФФМ денеска преку порака на социјалните мрежи побара фер и коректно навивање

Драги навивачи и поддржувачи на македонската фудбалска репрезентација,
Упатуваме порака со фер и коректно навивање да им помогнеме на „Рисовите“ да дојдат до позитивен резултат на вечерашниот натпревар против Италија на Националната арена „Тодор Проески“.
Праќаме порака до сите кои ќе го следат натпреварот на Националната арена, дека влезовите на стадионот ќе бидат отворени од 18:45 часот до 20:30 часот.
Со фер, спортско и коректно навивање покажуваме почит кон нашиот национален тим и почит за противникот – стои во објавата на ФФМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.