Самиот факт дека игравме утакмица со Португалија за Светско, као да е обичен неделен натпревар веќе е знак дека сме достигнале невидено ниво во спортот.
Камо среќа тоа да ни стане рутина.
Да имавме Федерација која не се бави само со личен профит и шетање функционерчиња, да имавме нормална Лига и сериозна работа со млади деца, каде напредокот не се базира на родителски пари и врски, можеби и ќе се надевавме на некаква светла иднина.
За жал, ова е врвот на една генијална генерација која отиде и предалеку за своите скромни можности.
Денес конкретно се надигрувавме со еден Португал, што не беше случај со Италија, затоа и изгубивме.
Секако, направивме се ова да делува како една нормала, којзнае кога пак ќе се повтори оваа луда година.
Секоја чест дечки, не ви беше лесно, напиша на Фејсбук, Ивор Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.