Во финалето на 40 издание на шпанскиот фудбалски Суперкуп ќе играат бранителот на трофејот Барселона и Реал Мадрид.

Барселона синоќа во полуфиналето на стадионот КСУ во Ријад ја совлада Осасуна со 2-0, со головите на Роберт Левандовски (59 минута) и Ламин Јамал (90+3).

Во првото полуфинале одиграно во средата, мадридски Реал беше поуспешен од градскиот ривал Атлетико со 5-3 по продолжение.

Финалето е на програмата на 14 јануари.

Барселона ќе се обиде да го освои својот 15, а Реал својот 13 трофеј во Суперкупот.

Во случај на победа на Реал, хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ ќе го освои 24 трофеј во дресот на Кралскиот клуб и ќе дојде на чекор до рекордерите Марсело и Карим Бензема, кои освоија по 25 трофеи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.