Фудбалскиот свет се уште тагува по великанот на фудбалот, Пеле, кој почина на 82-годишна возраст, а спортската јавност споделува сеќавања и моменти за сеќавање споделени со легендарниот Бразилец.
Меѓу таквите сеќавања, свое есто има и македонскиот фудбал, преку двајцата Македонци кои ја имаа таа чест да играат против Пеле. Тоа се Методија Спасовски и Кирил Дојчиновски.
Спасовски и Дојчиновски, кој за жал почина оваа година, беа дел од легендарната репрезентација на Југославија која играше против Бразил во 1968 година на „Маракана“ пред повеќе од 150.000 гледачи.
Двајцата беа стартери на натпреварот, а Мето Спасовски во седмата минута постигна и гол. Натпреварот на крајот заврши без победник 3:3, а Спасовски остана запишан и како единствениот Македонец кој му дал гол на Бразил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.