Длабока рана на подлактицата од убод со нож е причина за смртта на 29-годишниот навивач на АЕК, покажа извештајот од форензиката. Раната ја добил во тепачката меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб во предградието на Атина до Нова Филаделфија.

Во извештајот се наведува жртвата најверојатно се обидела да се одбрани. Прободувањето предизвикало неконтролирано крварење, од кое Кацурис починал во рок од 10 минути, се вели во извештајот што го објави „Катимерини“.

Како што е наведено, властите се обидуваат да го идентификуваат сторителот на убиството на Кацурис преку ДНК тест и затоа детално ги испитуваат сите расположливи предмети што ги имале навивачите на Динамо, како ножеви, палки, метални предмети, камења, димни бомби, качулки, ракавици, спрејови.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.