Часовите во средно економско училиште во Белград денеска ќе бидат скратени поради историскиот натпревар кој вечерва во 20 часот се игра на Светското фудбалко првенство меѓу Србија и Бразил. Како што пишуваат медиумите во Србија денеска ќе бидат скратени часовите во втората смена и оние во понеделник, на 28 ноември, кога ќе бидат скратени и во првата и во втората смена.
Вака одлучил директорот на училиштето во Беград, Дејан Недиќ, инаку познат судиски аналитичар.
За да го гледаме мечот на раат, ќе ја скратиме наставата во четврток попладне, пишува во известувањето на директорот Недиќ.
Во понеделник Србија го игра вториот меч на Мундијалот, со Камерун, во 11 часот.
Поради тој меч, наставата ќе биде скратена во двете смени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.