Момче во Белград ја насмеа цела Србија, но и Бразил со својот одговор за тоа што очекува од мечот меѓу двете земји на светското првенство во Катар. Тоа беше интервјуирано од бразилски новинар.

Мислам дека Србија со 3-0 ќе го победи Бразил. Тоа е затоа што Митровиќ ќе постигне два гола на почетокот, а во второто полувреме ќе поентира Влаховиќ бидејќи целата одбрана (на Бразил) е ужасна. Нејмар ќе падне и ќе плаче како мало бебе – одговара момчето на англиски јазик.

На ова водителот искрено се насмевнува велејќи дека момчето провоцира.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.