Манчестер Сити со 1-0 го совлада Атлетико Мадрид, а Ливерпул со 3-1 беше подобар од Бенфика во Лисабон во првите натпревари од фудбалската Лига на Шампиони од четвртфиналната програма.

Тимот на Пеп Гвардиола имаше иницијатива, но гостите од Шпанија одлично се бранеа. Во првото полувреме речиси и да немаше шанса.

Во вториот дел најпрво Де Брујне имаше убав обид од слободен удар, но Облак одбрани.

Цврстата одбрана на Атлетико Мадрид конечно беше скршена во 70. минута кога по убава асистенција од Фоден, Де Брујне погоди за водство на Манчестер Сити од 1-0 што беше и конечен резултат.

Ливерпул уште во Лисабон си ја заврши работата, на Бенфика ќе и биде тешко да надополни негатива од 3-1 на Енфилд.

Резултатот беше отворен уште во 17. минута кога Конате даде гол за водство на Ливерпул од 1-0, а во 34. минута Мане постигна погодок за предност и од 2-0.

По само четири минути игра во второто полувреме, Конате направи голема грешка која ја искористи Нињез и намали на 2-1.

Но во финишот од мечот, Диаз даде гол за победа на Ливерпул од 3-1.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.