Селекторот на хрватскиот национален тим, Златко Далиќ, беше задоволен од победата над Канада, а им се заблагодари и на Македонците за поддршката која им ја даваат на Коцкестите за време на Мундијалот.

Македонски новинар му кажа на Далиќ дека Хрватска има голема поддршка во нашата земја, а тој се заблагодари.

„Благодарам Македонија за поддршката која ни ја давате“ – рече Далиќ.

Далиќ истакна и дека не се видел со канадскиот селектор после мечот.

„Не се појави, не ми честиташе. Очигледно господинот е лут. Јас сум учен секогаш да му честитам на противникот ако ме победи. Квалитетен тренер е, но уште мора да

учи што е пристојност и спортска култура“ – рече Далиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.