Репрезентацијата на Хрватска ја совлада Канада со 4-1 во меч во рамките на Светското првенство во фудбал кое се игра во Катар. Хрватите направија крупен чекор кон осминафиналето. Во еуфорија од добрата игра на неговиот тим, канадскиот селектор рече дека ќе ја е*ат Хрватска. Но наместо тоа загубија со убедливи 4-1.

Ѕвездата на овој меч за Хрватите беше Андреј Крамариќ кој постигна два гола, по мечот тој им се заблагодари на Канаѓаните за дополнителната мотивација.

„Сакам да им се заблагодарам на Канаѓаните за мотивацијата. Хрватска покажа кој кого ќе е*е“, изјави Крамариќ по мечот.

По победата над Канада, на Хрватска ѝ е доволен и бод против Белгија за пласман во осминафиналето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.