Кристијано Роналдо сака со Португалија да се пласира на Светското првенство во 2022 година. Тој најави максимална борбеност на неговата репрезентација во плејофот за пласман на фудбалскиот Мундијал во Катар.

– Целосна концентрација на Светското првенство во 2022 година. Како и секогаш, горд што ја претставувам Португалија. Знаеме дека патот нема да биде лесен. Имаме голема почит кон противниците со кои се соочуваме кои имаат иста цел како нас. Но, заедно ќе се бориме Португалија да го заземе заслуженото место. Ајде да го направиме тоа! – напиша напаѓачот на Манчестер Јунајтед на Инстаграм.

Португалија на 24 март ќе игра на домашен терен против Турција во полуфиналето од плејофот за учество на СП 2022 година. Во случај на победа на 29 март, екипата ќе се сретне со победникот од дуелот Италија – Македонија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.