Тренерот на Јувентус, Алегри не мисли дека може да добие отказ, откако во јавноста се повеќе се шпекулира за негово разрешување по синоќешниот пораз од Бенфика во 2. коло од Лигата на шампионите.

– Не чувствувам дека мојата работа е загрозена овде. Ваквите моменти во фудбалот се нормални. Треба да работиме напорно и да ја смениме ситуацијата. Покрај тоа, имаме многу важни играчи повредени, изјави Алегри за „Гол“.

Јувентус има два пораза по две кола во Х-групата во Лигата на шампионите и се наоѓа на последното место без ниту еден освоен бод.

Во следното коло „бјанконерите“ ќе играат со Макаби на 5 октомври



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.