Неколку полицајци среде улица го претепале фудбалерот на Искра, Дамир Којашевиќ кој пред шест години настапуваше за Вардар.
Којашевиќ кој има и девет настапи за репрезентацијата на Црна Гора, во петокот бил нападнат од полицајци. Тој најави дека ќе ги тужи напаѓачите.
Одев кон училиштто на мојот син за да го земам, а група полицајци уклучија ротација и ме застанаа. Го претресуваа моето возило и мене самиот, иако им кажував дека немам ништо направено. Тогаш почнаа да ме малтретираат, ме удрија неколкупати. Никогаш ништо немам направено. Буквално ништо, но тие ме малтретираа. Откако ја видов видео-сниката, решив да ги тужам, иако тие ме молеа да не го правам тоа, изјави Којашевиќ.
Којашевиќ во Вардар играше во сезоната 2016/17, настапи на 40 натпревари и постигна 13 голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.