Доколку во 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ) го мине Динамо Загреб, македонскиот фудбалски шамион Шкупи, во следната рунда ќе игра против победникот од дуелот меѓу бугарски Лудогорец или ирски Шамрок Роверс, одлучи жрепка во Нион.

Во случај на пласман во 3. квалификациско коло, Шкупи ќе биде домаќин на првиот натпревар, на 2 или 3 август, додека реваншот е закажан за 9 идниот месец.

Избраниците на тренерот Гоце Седлоски утревечер од 21 часот му гостуваат на загрепски Динамо, додека реваншот е на 26 јули во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.