Досегашниот напаѓач на Јувентус, Пауло Дибала, постигна начелен договор за трансфер во Рома каде би пристигнал без обесштетување, откако му заврши соработката со Јувентус.

Аргентинскиот напаѓач се очекува да потпише тригодишен договор со клубот од Рим, каде што би заработувал шест милиони евра по сезона.

Дибала го носеше дресот на Јувентус од 2015 година кога дојде од Палермо, а со клубот од Торино освои пет италијански титули и четири трофеи во националниот куп.

Аргентинецот ќе биде четврто засилување во тимот на Жозе Мурињо, по Немања Матиќ, Миле Свилар и Зеки Челик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.