Без голови, 0-0 е по првите 45 минути игра во финалето од Европското првенство, меѓу Шпанија и Англија.

Шпанците ја имаат контролата на играта, но без сериозни шанси. Најголемата прилика ја имаше Фил Фоден пред истекот на полувремето кога за малку не го совлада Унаи Симон.

Одлично играат англиските бекови кои комплетно ги неутрализираа Јамал и Вилијамс, па Шпанија само еднаш се закани, но безопасно по голот на Пикфорд.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.