Реал Мадрид ја запиша четвртата победа во шпанската Ла Лига, откако вечерва на гостински терен беше подобар од Осасуна со 3-1 и со тоа ја зголеми предноста пред ривалите на табелата.

Давид Алаба во 12. минута погоди за 1-0, по што Будимир една минута подоцна израмни на 1-1, но сепак до крајот на првото полувреме Асенсио стрелаше за 2-1.

Во вториот дел не се прослави Карим Бензема, кој промаши два пенали, но сепак Лукас Васкез во завршницата ја потврди победата на шпанскиот гигант (3-1).

„Кралскиот клуб“ има 78 бодови на првото место на табелата, по што следи Атлетико Мадрид со 61, додека Барселона и Севиља имаат по 60.

Видео од мечот на следниот линк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.