Барселона на домашен терен ја победи Селта со 3:2 во натпреварот од 6. коло на шпанското фудбалско првенство. Каталонците победија, иако до 81. минута губеа со резултат 0:2.
На тој начин, Барселона стана првиот клуб во шпанскиот шампионат, по 22 години, кој направил пресврт, губејќи со два гола разлика по 80. минута.
Последен пат Атлетик Билбао направи ваков резултатски пресврт во ноември 2001 година, исто така совладувајќи ја Селта (3:2).
Барселона има 16 бодови и е на првото место во поредокот во Ла Лига. Реал Мадрид има 15 бода и еден натпревар помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.