Со попладневниот тренинг на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје, македонската фудбалска репрезентација денеска ги почна мини подготовките за полуфиналниот бараж против Италија, на 24 март во Палермо, за историски пласман на Светското првенство, чиј домаќин на крајот од оваа година ќе биде Катар.
Репрезентативецот од средниот ред, Енис Барди, посочи оти во модерниот фудбал не постојат фаворити и оти на дуелот против актуелниот европски првак, „црвено-жолтите“ ќе мораат да бидат сконцентрирани во секој момент од натпреварот.
Сите знаеме колку тежок натпревар ќе ни биде. Најважно за нас е да бидеме сконцентрирани во секој момент од мечот. Во денешниот фудбал фаворитите нè победуваат секогаш, можат и тие да имаат лош ден. Од друга страна, ние покажавме дека можеме да се надигруваме со сите. Мислам дека ќе одлучуваат детали, секоја секунда и секоја топка ни е важна. Мораме да се подготвиме и психолошки против Италија, изјави Барди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.