Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Мемфис Депај, ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд поради повреда на мускулот на левата нога, соопшти денеска шпанскиот клуб.
Депај се повреди на тренинг во саботата, а по деталните прегледи е одлучено дека ќе го пропушти првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите в среда.
Атлетико не соопшти колку долго се очекува да отсуствува Депај, но според локалните медиуми тој би можел да отсуствува три недели и со тоа да го пропушти и реваншот од четвртфиналето на 16 април во Дортмунд.
Депај во реваншот од осминафиналето во ЛШ постигна гол на дуелот против Интер во 87. минута и со тоа обезбеди продолженија за тимот од Мадрид, по што Атлетико по подоброто изведување пенали се пласираше во следната рунда
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.