Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е задоволен од играта на неговиот тим синоќа на натпреварот од 10. коло на Ла Лига со Леганес.

Домаќините славеа со 3:1 и покрај тоа што Леганес на полувреме водеше.

-Задоволен сум што успеавме да се вратиме од тешка ситуација откако противникот ни поведе. Одигравме одлично второ полувреме. Треба да продолжиме во истиот дух. На паузата им кажав на моите фудбалери дека се добро подготвени, дека работиме 15 дена, дека примениот гол не треба да не извади од ритам, изјави Симеоне за „As“.

Атлетико има 20 бодови и е на третото место на табелата во шпанското првенство.

Во следното коло избраниците на Симеоне ќе играат против бетис на 27 октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.