А) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета ја коментираше победата над Кристал Палас (1:0) на вчерашниот натпреварот од 2. коло во Премиер лигата.

 

– Ми се допадна како замените ја ги искористија своите минути откако влегоа во игра. Тие придонесоа за оваа победа. Одиме само напред. Сакаме да победуваме. За нас беше важно да ја зачуваме мрежата и да не му дозволиме на противникот да создава шанси, изјави Артета за клупскиот сајт на „топџиите“.

 

Арсенал е на врвот на табелата во Премиер лигата со шест бода, заедно со Брајтон и Манчестер сити.

 

Тимот на Микел Артета во следното коло ќе игра со Фулам на домашен терен на 26 август



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.