Аргентинскиот фудбалски стратег Нестор Лоренцо е избран за нов селектор на репрезентацијата на Колумбија. Лоренцо доаѓа на местото на Реиналдо Руенде, кој доби отказ по неуспехот да го однесе националниот тим на Светското првенство во Катар.
Колумбија под водство на Руенде ги заврши мундијалските квалификации на шестото место во јужноамериканската зона со 23 бодови, бод помалку од петопласираниот Перу, кој избори интерконтинентален плејоф за место на завршниот турнир во Катар.
Лоренцо доаѓа на селекторското место во Колумбија од перуански Мелгар, што беше прв самостоен тренерски ангажман на 56-годишниот Аргентинец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.