Натпреварот од 13 коло во германското фудбалско првенство меѓу актуелниот шампион Баерн Минхен и Унион Берлин, кој требаше да се игра денеска со почеток во 15:30 часот е одложен, поради обилни снежни врнежи во Баварија, објави Минхенската компанија за јавен превоз (МВГ).
Почитувани патници, фудбалскиот натпревар меѓу Баерн Минхен и Унион Берлин денеска од 15:30 часот е откажан“, соопшти МВГ.
Од Бундеслигата го потврдија одложувањето на натпреварот, прецизирајќи дека сопственикот на „Алијанц Арена“, „го затворил пристапот до стадионот поради обилните врнежи од снег“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.