Како што продолжуваат воените дејствија во Украина по инвазијата на Русија, така од ден на ден се зголемуваат мерките и исклучувањата на руските спортисти од сите светски спортски асоцијации.
Секако дека во преден план е баражот за пласман на СП во Катар, а познато е дека Русија во полуфиналето требаше да игра со Полска во Москва.
Прво Фудбалската федерација на Полска објави дека нема намера патува во Русија, потоа дека и нема намера било каде да игра со таа земја. Следуваше и реакција на ФИФА и УЕФА, имено двете објавија дека ја исклучуваат Русија од баражот за пласман на СП, но за тоа кој ќе патува на Мундијалот не беше детализирано.
На се ова доаѓа пораката до ФИФА упатена од страна Владимир Путин, претседателот на Русија, во која, како што објавуваат медиумите во неговата земја, покрај другото стои…
Ако Русија не игра за СП во Катар, односно ако Русија не игра во баражот за пласман на Светското првенство тогаш нема да се одржи ниту Мундијалот – порачал првиот човек на Русија.
Инаку најново е тоа што, барем така најавуваат од Русија и Полска, дека нивниот бараж меч би можел да се игра во јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.