Откако Нејмар се согласи на трансфер во Ал Хилал, откриена е неверојатна финансиска позадина на неговиот премин во редовите на саудискиот шампион.

Бразилецот ќе заработува 150 милиони евра нето плата на годишно ниво, но тоа не е сѐ што го очекува во склоп на двегодишниот договор.

Како што објави Foot Mercato, Нејмар на располагање ќе има приватен авион, вила со помошен персонал, а ќе инкасира и 80 илјади евра за секоја победа на неговиот тим.

Можеби најимпресивен податок е тоа што за секоја објава на социјалните мрежи на која Бразилецот ќе ја промовира Саудиска Арабија ќе добие неверојатен износ од 500 илјади евра. Така, на пример за две објави на Instagram од саудиската пустина и како пие кафе во градот Ријад, ќе „лапне“ милионче.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.