Сплитските полицајци го приведоа познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ. Според информациите на Слободна Далмација, тој го шетал своето куче на плажата Каштелет во Сплит, што им пречело на граѓаните кои го пријавиле.

Откако пристигнала полицијата, Трифуновиќ почнал да ги навредува и омаловажува, поради што полицијата морала да реагира со приведување.

Пријавен е за две кривични дела, чување животно без надзор и навреда на полицајци. Тој моментално се наоѓа во Сплитскиот прекршочен суд каде дава исказ.

Како што дознава Слободна Далмација, станува збор за германски овчар со кој Трифуновиќ си играл и ги игнорирал забелешките на минувачите и граѓаните кои потоа биле принудени да повикаат полиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.