На 24. Интернационален театарски фестивал на монодрамата во Битола Македонскиот народен театар учествува со монодрамата „Торонто експрес“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, а во изведба на актерот Александар Микиќ, која ќе се одигра на 15 мај на големата сцена во Центарот за култура.
Како што известија од Фестивалот, жири комисијата оваа година ќе биде во состав: Нина Мазур (која на состанокот на УНЕСКО е изгласана за потпретседател на интернационалната монодрама), Николај Урумов (актер и режисер од Р Бугарија) и нашиот актер Сашко Коцев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.