Започна одбројувањето на последните денови до големиот концерт на Северина, кој ќе се случи на 30 март во „Арена Борис Трајковски“.

Сѐ е подготвено за овој спектакл, а непосредно пред нејзиното доаѓање тука во Скопје, хрватската пејачка објави видео на социјалните мрежи присетувајќи се на еден нејзин настап на „Златна бубамара“ од далечната 2014-та година, каде што на сцената настапи заедно со легендарниот Влатко Стефановски.

Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце. Првенствено од луѓето, храната, посебните концерти, големите светски уметници, како што е Влатко Стефановски. Ти благодарам Македонија и се гледаме во Скопје на 30 март во „Арена Борис Трајковски“, ќе биде тоа концерт за душа“, напиша Северина на видеото кое го објави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Концертот е речиси распродаден, останати се уште многу мал број на влезници. Затоа побрзајте и веднаш обезбедете ја вашата. Истото може да го направите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2, како и Јк травел во Бисер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.