ROCKESTRA дебитираше со одличен трибјут за Шаде во Народниот театар во Битола. Викендов сцената на Народен театар Битола беше амбиент за незаборавно музичко патување додека ROCKESTRA го претстави својот прв трибјут концерт, “Sweetest Taboo”, посветен на иконската британска поп дива, Шаде.
Новоформираната музичка формација, заедно со вокалите на Тамара Стојковска, Јасна Димитровска и Рената Симоновска ја плени полната сала со наменски обработки за седумчлен бенд од најомилените хитови на Шаде.
Публика од сите возрасти ги исполни седиштата до последното место, а нивната возбуда беше опиплива уште кога бендот излезе на сцената и ги отсвири воведни акорди на легендарната Sweetest taboo, која донесе моменти на носталгија.
Концертот не беше само настап, туку патување низ најголемите хитови на британската поп дива, а секоја песна звучеше како едно поглавје во саундтракот на многу животи.
ROCKESTRA е музичка формација составена од Владко Симоновски, Александар Димитровски, Коста Стеваноски, Кристијан Магденовски, Иле Лулевски, Дамијан Грујо и Дејан Трајкоски, со визија да се слави музиката на легендарните уметници преку трибјут изведби и со нетрпение очекува да донесе повеќе музика, повеќе моменти и повеќе спомени на публиката во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.