„Сломи ме“ е името на првиот албум на младиот и талентиран пејач Теди Грубица, што нашата публика го запозна после учеството на „Охрид фест“.

Албумот е во издание на Croatia Records, содржи 11 песни, од кои поголемиот дел ги потпишува Григор Копров а како автор е застапен и Горан Шарац. „Славејот од Истра“, како што го нарекуваат Теди, кариерата ја започна сосема случајно, со обработка на песните на Тоше Проески. Овој предизвик беше повеќе од успешен и предизвика одлични коментари и огромно внимание, а така и започна соработка со Григор Копров. Така се родија и песните „Ти си у крви“ и „Сувенир“, учество на Фестивалот на шансона во Шибеник, Сплитски фестивал и Охрид фест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.