Почна снимањето и подготовките на втората сезона на еколошката ТВ емисија Агенда 21. Актерите Весна Петрушевска и Игор Џамбазов , пак ќе ја спасуваат природата. Во новата сезона покрај Весна и Игор, учествуват и младите, сега веќе поискусни од минатата сезона, Кристијан Ѓоргиев, Анастасија Митровска и Јована Миладинова. Тука се и децата од актерската школа на Весна, кои се дел од снимањето на еколошката емисја за подигање на свеста за зачувување на природата.
Загадениот воздух и почва, дивите депонии и електронскиот отпад ќе бидат главна тема и оваа сезона. Мора сите повеќе да се грижиме за животната средина, да ја негуваме и цениме оти таа е нашето живеење, нашето постоење, рече Весна Петрушевска.
Еколошката ТВ емисија Агенда 21 е во продукција на КМК, од каде велат дека се свесни за големата тежина на темите кои ги обработуваат и дека само со едукација и јавна дебата може да се дојде до посакуваната цел, а тоа е зачувување на природата и чист воздух.
Во ова непредвидливо време во кое живееме тешко е да се зборува на вакви теми. Токму затоа сме многу среќни што компаниите Нула отпад и Пакомак ја препознаа нашата мисија. Се надевам дека емисијата има влијание кај гледачите, а особено кај младите преку најмладите глумци од актерската школа на Весна Петрушевска бидејќи, ефектите од глобалното затоплување ги чувствуваме секојдневно. – потенцира Виолета Дамевска Ѓоргиева, продуцент на проектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.