Дефинитивно младата и талентирана пејачка Марија Спасовска беше една од најзабележаните учесници на овогодинешното издание на фестивалот „Макфест“, кој се одржа викендот во Штип.

Нема сомнеж дека Марија ги освои срцата на публиката, а доказ за тоа се позитивните коментари кои не престануваат да пристигнуваат на нејзина адреса.

Таа имаше одличен настап со нејзината песна „Омилен“ уште во првата вечер од фестивалот, а тоа го потврди нејзиниот пласман во втората вечер, каде настапи со веќе докажаните музички ѕвезди од македонската естрада.

Веднаш по завршувањето на фестивалот, односно наредниот ден младата пејачка го објави и својот видеоспот за макфестовската песна, кое го изработија момците од „Урбан Рекордс“.

Презадоволна сум од песната, настапот реакциите на публиката, задоволна сум од себе како се претставив на фестивалот. Добивам по десетици пораки дневно на социјалните мрежи од луѓе кои не ги познавам дека им се допаднал мојот настап, а тоа посебно ме радува и ме мотивира во исто време. Се надевам дека песната ќе биде слушана во иднина, вели младата пејачка.

Марија се потпишува како автор на оваа песна, односно нејзини се музиката и текстот, а прсти замеша и познатиот продуцент Роберт Билбилов кој го направи аранжманот.

Инаку Марија во својата фиока има веќе неколку готови песни, па следната ќе биде објавена за само неколку месеци или неколку недели од сега…

До тогаш погледнете го спотот за „Омилен“, а доколку ви се допадне, лајкнете и споделете…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.