Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер концерт ќе одржат „Pocket Palma“ од Загреб, Там од Белград и „Blackstate“.

Како што соопшти МКЦ, „Pocket Palma“ e синт-поп трио од Загреб, кое го сочинуваат Лука Видовиќ, Ања Папа и Бруно Жабек. Триото работи неуморно и за краток период издадоа два албума, кои, како што се наведува, одлично се прифатени од публиката, но и од критиката.
Тамара Поповиќ или ТАМ е кантавторка која работи во Белград. Нејзината музика може да се опише како андерграунд дрим-поп.

„Blackstate“ е псевдонимот зад кој стои Филип Тасевски – Фиц, долгогодишен дел од музичката сцена кај нас. Најпознат како фронтмен на панк-рок бендот „Новиот почеток“, но и дел од проектите „Astrolungs“ и „Retro Cabaret“.

„Blackstate“ е сосема друга приказна, современа експериментална електроника во која Тасевски со своето самоистражување ја бара својата малку „потемна“ музичка страна. Промените се дел од растењето и созревањето, а ова што Фиц го потпишува како Blackstate е потврда за здрав развој на еден креативец/музичар/индивидуа, соопшти МКЦ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.