На вчерашниот таканаречениот тиркизен тепих  на свеченото отворање на „Евровизија“ во Торино, каде македонската претставничка го фрли македонското знаме, се случи уште еден инцидент.

Додека ги интервјуираа Махмуд и Бланко, кои оваа година ќе ја претставуваат земјата-домаќин маж се појавил на само неколку метри од музичарите и за време на нивното интервју почнал да вреска и да предупредува на опасноста од климатските промени.

Водителите најпрвин биле зачудени, а потоа веднаш повикале некој од обезбедувањето да го отстрани демонстрантот кој не се откажал, а интересно е што Махмуд цело време прилично шокиран го гледал настанот, додека Бланко дури и го поддржал непознатиот маж.

Зелен бран, ми се допаѓаат овие работи, нагласи Бланко.

Сепак, на домаќините на церемонијата не им беше пријатно.

Зелените пораки се многу важни, но ова не е вистинскиот начин да се испратат, забележа водителот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.