Украинскиот бенд „Село и Луди“ ги објавуваат своите настапи во живо од засолништето за да ги поддржи луѓето во својата земја и повика на мир во светот.

Членовите на бендот се од градот Харков, а на фронтменот на бендот, Алекс, му била уништена куќата за време на руската инвазија. Оттогаш со колегите живее во подрумот кој го користат како засолниште.

Алекс за Би-би-си изјавил дека покрај неговите колеги, во засолништето има и многу други луѓе. Тој рекол дека му е мило што во овие тешки моменти може да биде во засолништето каде што се чувствуваат барем малку безбедно.

Луѓето ширум светот на вестите гледаат што се случува во Украина. Не требаше да има војна. Но, никогаш не престанувајте да се борите, не се откажувајте. Слава на Украина – рекол Алекс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.