Изминатиов викенд, на 20-ти октомври на Фестивалот за забавни мелодии Макфест во Штип, младата талентирана пејачка со одлични гласовни способности Теона Јованоска го имаше своето деби на македонската музичка сцена, во рамките на првата дебитантска вечер.

Теона настапи со љубовната балада „Јас без тебе“, со која ги освои симпатиите на публиката. Со нејзиниот моќен глас, чиста дикција и едноставност на сцената публиката лесно ја препозна по аплаузот со кој ја поздрави по завршувањето на настапот. Од своите искусни колеги доби и бројни комплименти дека од нејзиниот настап и глас сѐ се слуша и сѐ се гледа, дека е родена да биде ѕвезда, и да продолжи да вложува во развој на нејзината музичка кариера.

Музиката и текстот се на неповторливата Сара Мејс, која воедно е и нејзина долгогодишна менторка по пеење. Аранжманот е на Иван Петровски, а спотот е во режија е Каролина Ди.

Теона Јованоска е новото музичко лице што носи свежина на македонската поп сцена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.