„Сам, ме срони до грам. На стори нов блам, до зори во стан“ – овие се првите зборови од најновата песна на македонскиот Џокер, која носи наслов „Сам“.

По одличната „Такси“, Џокер овојпат повторно „удира“ со уште една контроверзна песна која веќе на големо се коментира на социјалните мрежи…

Автор на музиката е Џокер во соработка со Чеис, кој го напиша и текстот. Микс и мастеринг направи добро познатиот Ивајо, а режисер на видеото е младиот и одличен Дарко Јовановски.

Песната е одлична, мене многу ми се допаѓа. Позитивни критики добив и од најблиските луѓе околу мене, а гледам дека и на останатите им се допаѓа. За разлика од претходната песна „Такси“, ова е нешто сосема друго и поразлично од мене, изјави Џокер.

Инаку како што повеќето знаете, Џокер всушност е Роберт Спасенцовски, сопругот на музичката ѕвезда Антониа Гиговска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.