Украинска уметница, солистка на украинскиот воен оркестар, Маргарита Мелешко, ја отпеала песната за Командантот Сава непосредно пред да мора да се повлече во засолништето. Маргарита отпеала партизанска песна во репортажа за црногорскиот портал Antena M.
Таа ја извела песната со својот колега Јарослав Јус, кој свири на украинскиот национален инструмент бандура. По песната таа требало да испрати видео во кое зборува за моменталната состојба во нејзината татковина, но тоа сепак не успеала.

Еве ја песната како што ветив. Сега ни рекоа дека мораме да одиме во засолниште, кога ќе можам ќе ви испратам видео од ситуацијата во Украина, напишала таа за црногорскиот портал.

Песната „Командант Сава“ е за Сава Ковачевиќ кој бил убиен од фашистите во Сутјеска во 1943. година. Песната е многу популарна во редовите на украинската армија и Маргарита често ја изведувала со воен оркестар и хор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.