По неколкуте спектакуларни концерти во регионот, Скајмјузик за почетокот на следната, 2024 година, го закажа големиот концерт на една од најпопуларните ѕвезди на овие простори – Јелена Розга, која во рамки на турнејата „Минут срца мог“ на 10 февруари ќе настапи пред публиката во арената „Борис Трајковски“!
Јелена Розга, кралицата на поп-сцената и миленичката на сите генерации, е позната по своите врвни настапи и неверојатната харизма, а нема сомнеж дека низ арената во Скопје ќе прозвучат хитовите од соло кариерата на Јелена, како што се нумерите „Бижутерија“, „Окус ментола “, „Нирвана“, „Соло играчица“ и неизбежниот „Цунами“, но и оние што ги пееше додека беше во групата Магазин, каде и ја стартуваше кариерата.
Спектаклот ќе биде заокружен со врвната аудио-визуелна продукција потпишана од Skymusic продукција.
Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје веќе се пуштени во продажба, и тоа преку www.efinity.rs, преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1000 денари за партерот, 1500 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1300 и 1800 денари, додека влезниците за ВИП делот се продаваат по цена од 2200 денари. Од утре преку www.kupikartizase.com
Достапни ќе бидат и ВИП пакетите – резервација за висока маса + 4 влезници + шише Johny Walker или Ј&B + 4 лименки Red Bull чини 12.500 денари, а резервација за висока маса + 4 влезници + шише Johny Smirnoff или Gordon’s + 4 лименки Red Bull – 11.500 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.