Регионалната ѕвезда Северина Вучковиќ имала проблеми со полицијата во Белград. Наводно, снимањето на спотот за песната „Небо“, кој е дует со Сенди Ценов и раперот кој се претставува како Под Радарот, ненадејно било прекинато кога по пријава од граѓани на сетот дошла полициска патрола.

Според очевидци од местото на настанот за „Курир“, на некои жители на Нов Белград им пречела бучавата што ја создавале звучниците на автомобилите кои пуштаат музика за видеото, а од страшната бучава не можеле да спијат.

Како што се наведува, кадри од спотот се снимала цела ноќ, до раните утрински часови, а на граѓаните покрај бучавата им пречел и звукот на автомобилите и моторите, кои исто така биле користени при снимањето на спотот.

Наводно полицијата добила пријава, па полициска патрола отишла на местото на снимањето, каде што ја интервјуирале и самата Северина и другите членови на екипата. Откако полицајците добиле уверување дека ќе се стишат, пејачката поминала без казна, а подоцна немало повеќе слични проблеми.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.