Од следната година ќе се воведе посебен критериум кој ќе може да настапи на „Макфест“. Ова во новата „Еден на еден“ го најави уметничкиот директор Роберт Саздов, кој рече дека музички фестивал од тој калибар не треба да биде мегдан за претставување на нови пејачи или промоција, туку место каде повторно ќе настапуваат само врвни музички имиња.

Ќе може да настапуваат само пејачи кои имаат, пример, најмалку три видеа со над 100 илјади прегледи на „Јутјуб“ или минимум 10.000 следачи на „Инстаграм“, рече тој.

Се сеќава некој на Сара Марковска? Не!, рече тој потсетувајќи дека таа победила во 2012 година, кога Тамара заврши на второто место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.