Не престануваат реакциите во јавноста по ненадејната смрт на познатиот саксафонист и кларинетист Илми Мустафов, инаку син на легендарниот македонски музичар Ферус Мустафов кој почина пред само три месеци.

Естрадата со емотивни посвети се простува од него. На социјалните мрежи се огласи и неговата блиска пријателка и соработничка, познатата фолк-интерпретаторка Сузана Гавазова.

Си замина толку брзо, толку ненадејно и зад себе остави опустошени срца, болка и тага. Пред некој ден настапувавме заедно на свадба во Дебар со „Огнени момчиња“ и Илми.. Се’ беше нормално, никој не се посомнева дека такво нешто може да се случи.. Само во еден момент видов како Илми плаче, но искоментиравме со колегите дека плаче поради раната смрт на неговиот татко.. Но, ти Илми си замина прерано. Ќе ни недостигаш многу. Почивај во мир, пријателе, напиша Гавазова на „Фејсбук“.

Инаку, блиски на семејството Мустафови откриваат дека Илми пред неколку години ставил стент.

Во својата скоро тридецениска кариера, тој сними многу ора и чочеци, дел со својата група „Огнени момчиња“, дел со неговиот познат татко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.