Легендарниот британски рок-состав „Ролинг стоунс“, кој од обожавателите, критичари и медиуми постојано е нарекуван „најголемиот рок бенд на сите времиња“, одбележува 60 години постоење.

По повод таквиот јубилеј, 1 јуни „Стоунси“ ја отвораат својата европска турнеја со настап во Мадрид.

Бендот е основан на 12 јули 1962 година, и зад себе има 25 студиски албуми.

Во постојан состав денес се Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд, а во минатото тука членувале и покојните Џарли Вотс, Брајан Џонс, Бил Вајман, Мик Тејлор и Ијан Стјуарт.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.