Пред неколку дена во центарот на Скопје, односно во ресторанот „Рагуза 360“, членовите на бендот „Балкан Бенд“ го промовираа нивниот најнов проект со наслов „А бре, Македонче“.

На промоцијата присуствуваа повеќе од 300 гости, меѓуи нив музичари, пејачи, спрортисти, продуценти, текстописци, луѓе од бизнис-фелата и многу други. Домаќин на промоцијата беше познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов, кој на крајот од промоцијата заедно со момците од „Балкан Бенд“ испеа една негова песна.

Сите што беа на оваа промоција велат дека е една од најдобрите во последниве години кои се случиле, особено ќе се памети моментот кога на покривот од ресторанот се појавија дестина комити со бакљи во рацете и во еден глас започнаа да ја пеат „А бре, Македонче“…

Како изгледаше оваа промоција и кој присуствуваше на неа, може да погледнете на ова видео:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.