Red Hot Chili Peppers годинава се враќа на музичката сцена со нова музика. Имено, нивниот нов албум „Unlimited Love“ ќе биде објавен на 1 април и на него ќе се најдат 17 нови песни. Тоа што е интересно за овој албум е дека на него ќе свири и Џон Фрушанте, гитаристот којшто ја напушти групата во 2009 година за да се фокусира на соло проекти.

Нашата единствена цел е да се изгубиме во музиката. Поминавме илјадници часови заедно, но и индивидуално, усовршувајќи се за да го направиме најдобриот албум што можевме, велат од групата.

Тие наскоро тргнуваат на светска турнеја каде ќе го претстават новиот музички материјал. Европскиот дел од турнејата започнува на 4 јуни во Севиља, Шпанија.

Денес тие ја објавија песната „Black Summer“, која е првиот сингл од нивниот претстоен албум.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.