Повеќеилјадната публика во Скопје, имаше можност синоќа да ужива во концертот на една од најголемите наши поп-ѕвезди, Каролина Гочева- Корубин.

Во исчекување на новиот албум со 11 песни, преработки на најубавите македонски евергрини, во соработка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, фановите, под ѕвездено небо, на Стадионот на Армијата ги слушна нејзините најголеми хитови низ 30-годишната кариера- од поп до етно.

Организаторот „Авалон“ се погрижи концертот да биде со сериозна, светска продукција, светло и звук – какви што доликува на ѕвезда како Каролина.

Патувајќи низ времеплов од спомени и емоции,  публиката на стадионот, но и таа на кејот на Вардар, уживаа во хитовите „Хипокрит“, „За нас“, „Капка под небото“, „Не се враќаш“, „Се лажам себе“ …



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.