По кусо боледување ноќеска на 72 години почина кралот на ромската музика, Ферус Мустафов, објави порталот ММС.

Мустафов ќе биде погребан во Штип, каде е роден и каде последните години живеел со семејството.

Ферус имаше мозочен удар на 26 април и оттогаш беше во болницата „8 Септември“.

Мустафов е роден во Штип во ромско семејство на музичари. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет.

Мустафов беше многу популарен во својата земја поради неговиот репертоар на балканска народна и ромска свадбена музика. Има издадено над 20 албуми и безброј самостојни концерти во земјава и во светот, но и настапи на светски музички фестивали, каде често свирел и со славни џез музичари, со кои соработувал и на албуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.